Одрон од земја изутрина од 7:05 часот го попречува нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на село Трница.
-Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.