четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На патот Маврово-Дебар кај Трница се пропуштаат само автомобили

На патот Маврово-Дебар кај Трница се пропуштаат само автомобили

Поради одронот од камења и земја кој утрово падна на коловоозот, сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови- Дебар се одвива отежнато и е забранет за товарни возила.

Од СВР Тетово информираат дека кај месноста Трница, полициски службеници го регулираат сообраќајот и времено пропуштаат само автомобили.

– Утрово околу седум часот дошло до одрон на поголема количина земја и камења која паднала на коловозот. Направен е напор да се ослободи една коловозна лента, но само за полесни возила, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово, пренесува МИА.

За нормализирање на сообраќајот повикана е екипа на „Македонија пат“, која со механизација треба го отстрани паднатиот материјал. Одронот го предзивикале поројните дождови кои паѓаа синоќа. Помали одрони од камења има на повеќе места по долината на Радика, а од полицијата предупредуваат на внимателно возење во овој дел од земјата.

Најнови вести