четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Зошто ЈО не отвора истрага за набавката на шкоди за МВР која се случи нетранспарентно и без тендер?

Нацев: Зошто ЈО не отвора истрага за набавката на шкоди за МВР која се случи нетранспарентно и без тендер?

Фирмата Де Лукс Ауто од Куманово ги добива тендерите од општина Куманово за одржување и сервисирање на моторните возила на ЈП Чистота и зеленило, истакна на денешната прес-конференција Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа фирма само на 13.02.2017 година добила вкупно 7 тендери од ЈП Чистота и зеленило во вредност од 6 милиони и 500 илјади денари или вкупно 105 илјади евра за само еден ден. Де Лукс Ауто е редовен учесник и добитник на голем број на тендери во општина Куманово, со која од осамостојувањето до денес управуваат кадри на СДСМ. Фирмата Де Лукс Ауто е и редовен донатор на кампањите на СДСМ. По доаѓањето на Оливер Спасовски од Куманово во Скопје за министер за МВР, таа добива и милион евра за набавка на 40 шкоди. Целата постапка се одвива нетранспарентно, без распишување на тендерска постапка, со договор во четири очи. МВР на Де Лукс Ауто и дале неверојатни 1 милион евра за набавка на 40 возила од марката Шкода Октавија, во услови кога основната верзија на Шкода Октавија чини околу 15.000  евра. Веројатно доколку некој како поединец би купил 10 Шкоди одеднаш и тоа во готово би добил и поголем попуст. Доколку купи 40 Шкоди и за нив плати одеднаш, попустот со сигурност би бил поголем и целата набавка би чинела нешто под 500.000 евра, нагласи Нацев.

Тој вели дека дополнително треба да се знае дека Де Лукс Ауто е само дилер на возилата од марката Шкода.

-Дали не е чудно за обвинителството зошто Спасовски наместо набавката да ја изврши преку генералниот застапник за возилата Шкода во Македонија, одлучува тоа да го направи преку Де Лукс Ауто, кој е локален дилер на автомобили од оваа марка. Дали се ова не буди барем најмал сомнеж кај Јавниот Обвинител? Зошто не чувствуваат потреба да отворат сериозна истрага и да утврди како немало Шкоди кај генералниот застапник во  државата,  а имало кај локален дилер и како Шкодите кај локалниот дилер биле поевтини. Република Македонија под власта на СДСМ стана заробена држава, во која се гази правната држава. Тоа не смее да продолжи да биде пракса. Јавното обвинителство има обврска да се стави на страна на граѓаните и да работи во нивен и во интересот на државата, посочува Нацев.

Најнови вести