Пред речиси десет дена огромен одрон од карпа го прекина сообраќајот на пругата Велес – Градско и регионалниот пат кој сеуште не е во целост саниран.
Овој одрон од карпа се уште стои на регионалниот пат на излезот од Велес. Ниту надлежните од Општина Велес , ниту пак од „Македонија пат“ сеуште го немаат расчистено патот.
Поради оваа незаинтересираност на градоначалникот на Велес, четири семејства се отсечени од градот и се приморани секојдневно да кружат дополнителни 10-тина километри за да дојдат до Велес.
Револтирани се и патниците кои со автобуси и автомобили го користат овој пат, бидејќи мораат да го заобиколуваат патот и тоа им го пролонгира патувањето и за половина час.