четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовска: Неопходно е одложување на јавната седница за предметот „27 април“- кој ќе гарантира за здравјето и безбедноста на сите присутни, судот?

Николовска: Неопходно е одложување на јавната седница за предметот „27 април“- кој ќе гарантира за здравјето и безбедноста на сите присутни, судот?

На 18, 19 и 20 март е закажана јавна седница во Апелациониот суд Скопје, по предметот познат како ,,27 април,,. Имајќи го предвид бројот на обвинети, нивните бранители (адвокати), членови на семејствата на обвинетите кои би присуствувале, припадници на затворската поливија како и новинарите кои би биле присутни, бројката на присутни луѓе во една просторија би достигнала околу или над 100-тина.
Со оглед на настаната ситуација со корона вирусот и препораките за спречување на ширење на вирусот, основано се поставува прашањето кој ќе гарантира за здравјето и безбедноста на сите присутни, судот???, пишува на Фејсбук адвокатката Ружица Николовска.

-Моментално, во затворските установи каде се наоѓаат обвинетите, не се дозволени посети за семејствата, токму како дел од мерките.
Во предвидената судска сала за одржување на јавната седница, не постои можност за секое лице да биде оддалечено едно од друго на растојание од најмалку 1метар.
До овој момент, нема официјално соопштение од Апелациониот суд Скопје за одложување на закажаната јавна седница.
При вакви услови, односно скоро вонредна состојба, сметам дека е неопходно одложување на закажаната јавна седница, а во интерес на секој поединец. Како што институциите бараат свесност и одговорност од нас, граѓаните, така подеднакво и институциите се одговорни кон нас граѓаните!

Најнови вести