четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бизниси пропаѓаат, власта мува не ја лази: Сендвичарниците Вили затворија

Бизниси пропаѓаат, власта мува не ја лази: Сендвичарниците Вили затворија

Кризата удри по македонските бизниси, а власта спие и не реагира. Познатите сендвичарници Вили во Скопје затворија и ќе чекаат подобри времиња.

Како што објави сопственикот денеска сите објекти на Лесковачка скара кај Вили ги затворил до некое подобро време.

-Бидете ми здрави,  Господ напомош да ни е“ вели тој во неговата објава.

Откако почна кризата со коронавирусот, во Македонија бизнисите почнаа да трпат сериозни загуби. Мерките кои препорачуваат локалите да не работат воопшто, а граѓаните да седат дома направија многу други локали да претрпат штета и затоа неопходни се интервентни мерки со кои државата ќе им помогне на бизнисите.

И покрај ваквата ситуација, власта се уште нема објавено никакви економски мерки за помош на бизнисот. Иако апели за помош за компаниите беа побарани од бизнис заедниците и од сите страни, сепак досега власта мува не ја лази.

На ваквата ситуација со денови предупредува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој потенцира дека неопходни се антикризни мерки за заштита на бизнисот, и притоа понуди сет мерки до владата, како да се надмине оваа ситуација.

Најнови вести