Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 65-тата седница на која, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Комисијата, како што е најавено, на денешната јавна седница ќе спроведе и ждрепка за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.
Од ДИК информираат дека, имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот Ковид 19 и воведената вонредна состојба на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите, а ждрепката ќе се врши на јавна седница.
Седницата на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК.