Адвокатот Мерџан Даути испрати јавен апел до Судскиот совет и до министерката за правда Рената Дескоска.
Неговиот апел го пренесуваме во продолжение:
Со цел да придонесам кон справување со коронавирусост (Covid 19) бидејќи јавното здравје е заедничка одговорот и од нас зависи како ќе се справиме со овој вирус, предлагам неколку предлог мерки:
- Сите постапки во судовите да се прекинат, освен за предметите каде е определен мерка ефективен притвор;
- За предметите за кои ќе настане прекин во судењето да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии;
- Под итно да се судат и предметите за сите лица за кои ќе се утврди кривична одговорност за прекршување на одлуките на Владата на Република Македонија, а поврзани со корона вирусот (Covid 19);
- Секој суд на својата web страница јавно да објави кои предмети ќе продолжат со судење со наведување на точниот термин и сала, а не истото да се прави на шалтерите на судовите;
-Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици, кои се задолжителни со справувањето на корона вирус. Секое лице кое ќе влезе во судот да потпише изјава под морална и кривична одговорт дека не патувал надвор од земјата во последните 14 дена, но и дека не е во самоизолација. Апелирам овие мерки да ги донесете во текот на утрешниот ден, бидејќи секоја задоцнета мерка може да предизвика нови заболени лица со корона вирус. Не дозволувајте да се случи нешто што никој не би го сакал за себе. Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија, а Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски вонредна состојба поради коронавирусот, судот како државен орган да не врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права, на сите присутни во судовите.