недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се вратиле од Швајцарија и морало да бидат во изолација, но излегле од дома

Се вратиле од Швајцарија и морало да бидат во изолација, но излегле од дома

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) и С.Д.(39), двајцата од кичевското село Лисичани.

На 19.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавените не се наоѓале во нивните домови и не се придржувале кон мерките за 14 дневна самоизолација.

Тие на 13.03.2020 на граничниот премин„ Меѓународен аеродром Скопје“, потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 денови, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.

Најнови вести