Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMZ“.
За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.
Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е верена со Алекс Родригез.
Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMZ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.
-Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже „те сакам“, рекла Иса.