Владатa објави јавен повик за организирање на авионски превоз за враќање на 915 македонски државјани од Германија.
Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници.
Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите:
– Берлин – Скопје (377 патници)
– Бон – Скопје (355 патници)
– Минхен – Скопје (183 патници).
Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03. (петок) до 12 часот.
Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08 часот
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор