Во јавниот сектор имаме големи проблеми со оваа пандемија. Затоа што, еве вработени што се во судска или затворска полиција не се целосно опремени со заштитна опрема. А знаеме дека во судовите, а и адвокатите реагираа дека таму е дувло на коронавирусот. Нашите членови во кривичниот суд секојдневно се јавуваат со поплаки да реагираме да им се додели поголема заштита и да се направи поголем ред во судовите. Еве ја користам таа прилика да апелирам до надлежните за овој проблем, посочи Благоја Ралповски претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Исто така, тој истакна дека иако земјоделието е една од најстратешките гранки во државата, земјоделците немаат доволно заштита, па дури не се ни осигурани од институциите за повреда на работа или по живот на работа, вели Ралповски.