четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јовевски: Подгответе се за економска криза поголема од онаа во 2008/2009 година

Јовевски: Подгответе се за економска криза поголема од онаа во 2008/2009 година

Професорот Лазар Јовевски предупредува на криза поголема од онаа во 2008/2009 година.

Уште пред 11 дена предупредив за носење на итни и ефикасни економски и финансиски мерки (а не сум единствен), меѓу кои и предложив 18 мерки кои мислам дека ќе помогнат за спас на економијата и сочувување на работните места, а СЕ УШТЕ нема НИКАКВА РЕАКЦИЈА од надлежните органи и власти во Македонија. Зошто…???? Наместо тоа гледаме збунетост, некоординираност и преземање на 4 мерки кои се толку млаки, што немаат никаков ефект. Се поставува прашањето ШТО ТОГАШ И КАКО ПОНАТАМУ? АКО ОВОЈ НАЧИН НА (НЕ)СПРАВУВАЊЕ СО ЕКОНОМСКИТЕ последици од Корона кризата продолжи и во следните денови, треба да СЕ ПОДГОТВИМЕ за ЕКОНОМСКА КРИЗА поголема од онаа во 2008/2009 година. Во АПРИЛ МЕСЕЦ допрва ЌЕ СЕ ВИДАТ НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ од НЕ ПРЕЗЕМАЊЕТО на ниту една сериозна мерка за спас на економијата и сочувување на работните места!!! Јас се уште имам силна надеж дека надлежните (пред се Владата) ќе се разбуди и ќе делува!? Но, да не излезе потоа дека никој не кажал или не предупредил….!!! проф. д-р Лазар Јовевски.

Најнови вести