понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Воено профитерство во време на криза- Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Арсовски: Воено профитерство во време на криза- Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи  за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина. Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Македонија, истакна Арсовски и додаде:

„И да, мораме јавно да потврдиме, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршиме притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните. Изминативе 2 дена имаше стотици сведоштва од граѓани докази кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарен од страна на владата а не е хуманитарен бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата, сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин“.

Со часови чекаат во автобуси, потенцира тој, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода.

-Други сведоштва велат дека на патниците им било кажувано дека превозот ќе чини многу помалку од што им се наплатил, а им се наплатил многу повеќе од што им било кажано 100тина евра повеќе, по што дел од патниците јавно се побунија на социјалните медиуми. Еден ден се ќе излезе на виделина. И криминалот на маката на граѓаните и авантите кои се земаат со одредени фирми и се што трпат граѓаните на нивниот грб. Тогаш ќе мора да се сноси одговорност, а тоа ќе биде многу набрзо кога канџите ќе бидат тргнати од институциите кои што треба да донесат правда во Република Македонија.

Најнови вести