недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Покажала што направил Алцхајмерот со нејзината мајка, фотографија која ќе ви го скрши срцето

Покажала што направил Алцхајмерот со нејзината мајка, фотографија која ќе ви го скрши срцето

Жена од Њу Џерси објавила фотографија од рачните изработки на нејзината мајка, покажувајќи како Алцхајмеровата болест која ја имала влијаела на неа.

Објавените 14 исплетени квадрати кои нејзината мајка ги изработила во период од две години откако ја добила лошата дијагноза, совршено илустрираат како болеста ја спречила жената да ужива во хобито.

-Извесно време правеше квадрати, потоа кругови, па мали плетени парчиња, се додека не дојде во моментот кога иглата и волницата ги носеше само во нејзината чанта. Поминаа неколку години откако веќе не можеше да зборува, а многу повеќе откако престана да ме препознава, вели ќерката на болната жена.

Нејзината мајка има 66 години, а болеста и била дијагностицирана пред 12 години.

Ќерката на болната жена вели дека имала само 22 години кога нејзината мајка се разболела и и било многу тешко да се соочи со последиците.

-Гледајќи ја како минува низ сето тоа, сфатив нешто што веројатно не би го сфатила доколку не ја изгубев толку рано. Не знаеме уште колку време ни е останато и мора да го искористиме најдобро што можеме. Исто така научив да прифатам дека вакви работи се составен дел од животот и дека една од најубавите работи кои можете да ги направите за некого е да му помогнете во една таква ситуација, објаснува жената.