Таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Панче на Фејсбук излезе со недолични коментари кон новинарот Бранко Героски. Заев сениор дури се потсмева дека во идната влада ќе го предложи Героски за советник бидејќи „многу знаел“.
Многу ми е нерпијатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам. Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство-вели Героски.