На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите одронот е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека е укината во 11:30 часот, а на патниот правец крак Маврово – Дебар во 11:40 часот.