Шефот на државата Стево Пендаровски го пофали техничкиот премиер Спасовски за мерките, но изрази негодување против намалување плата во администрацијата, застанувајќи против идејата која лично ја промовираше и протежираше лидерот на СДСМ Зоран Заев. Неколку часа претходно истото го стори и Спасовски.
– Претходната мерка која циркулираше не беше добра. Не се согласувам со мерка, сите во администрацијата да примаат минималец – рече Пендаровски.
Настана ли поделба во СДСМ околу ова прашање – на поддржувачи на Заев и противници, партијци подделени со мерката за администрацијата. Претходно, например токму министерот Дамјан Манчевски ја пофали и поддржа мерката, меѓу поддржувачите е и минситерката Нина Групер Ангеловска. Ги обелодени ли мерката Заевистите во владата?
На прашањето нa Плусинфо, пак, дали ќе се откаже од платата во време на кризата предизвикана од коронавирусот, Пендаровски одговори:
– Да, ако предложи Владата таква мерка, јас прв ќе ја прифатам.
Нејасно е, зошто тоа би го барала Владата и чуму Пендаровски, ко што вели ПРВ, но и самоиницијативно не се откаже од својата плата, со тоа, помагајќи и на државата.