недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ограбена лабораторијата на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Ограбена лабораторијата на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Украдена е опрема вредна 300.000 денари, во тешка кражба која се случи во лабораторијата на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19:00 на 20-ти овој месец до 07:00 часот изутрина, непознат сторител извршил тежок грабеж.

Ограбувачот со тежок предмет го скршил стаклото, влегол внатре од каде што земал две дигитални лабораторики ваги, два LCD монитори и еден компјутер, по што заминал во непознат правец.

На овој начин се стекнал против законски средства во вредност од околу 300.000 денари, стои во редовниот дневен билтет на МВР.

Се преземаат мерки за да се најде сторителот и за целосно објавување на случајот. (Актуале)

Најнови вести