Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку свој статус на Фејсбук статус пишува дека лицемерието на СДСМ е отпуштање на новинари среде здравствена и економска криза.
-Групно отпуштени новинари среде здравствена и економска криза и тоа од оние портали кои што Костадин Костадинов милува да ги споделува. Тоа е реалната слика за лицемерието на економските мерки и зафатот „зачувување на работните места“ на СДСМ.
Инаку тоа не се „нови портали“, а барем едниот до скоро беше на актуелен функционер на власта. Тој пред само две недели преку Фб повика да се заштитат новинарите од вирусот, доскорешниот му медиум го пренесе, а сега за отпуштањата нема ниту збор, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Групно отпуштени новинари среде здравствена и економска криза и тоа од оние портали кои што Костадин Костадинов милува…
Gepostet von Naum Stoilkovski am Donnerstag, 2. April 2020