среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Правите катастрофални грешки кои ве чинат здравје: Колку често ја менувате четката за заби и како ја чувате?

Правите катастрофални грешки кои ве чинат здравје: Колку често ја менувате четката за заби и како ја чувате?

Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец.

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“ се поставува прашањето.

Апсолутно да! На четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока.

Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи подобро ги убиваат бактериите.

Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.