Иванка Василевска на својот профил на Фејсбук сподели статус поврзан со министерот за здравство Венко Филипче.
-Министре за здраство, д-р Венко Филипче, во време кога Македонија заедно со сите држави на Планетава се соочува со пандемија за која никој со сигурност не може да ни каже ни како почна, ни кога ќе заврши, срамно е и страшно е да бидете слеп и глув за распределбата на средствата од државниот буџет. Во ситуација во која покажавте дека немате елементарно познавање на епидемилошките параметри и не се покажавте достоен на задачата бидејќи уште од самиот почеток имавте нула познавање за веќе почнатата епидемија, не превземавте навремено мерки и не ја прифативте понудената рака, да ви помогнат стручните лица кои не се дел од вашиот картел, деновиве уште еднаш ни потврдивте дека со вашето однесување, кое завршува онаму каде што почнува т.е. во беспредметни и бескрајно механички прес конференции, не заслужувате да бидете висок државен функционер. Вие, министре, со целокупното ваше однесување кое наликува на вештачко градење на имиџ на „света крава“, не сте ништо друго, туку другото лице на вашиот патрон, Зоран Заев. Дека вистината е една и единствена, стана јасно кога во ваше присуство и во ситуација кога немаме обезбедено доволно медицински апарати, медицинскиот персонал е под висок ризик, а граѓаните се преплашени, вие министре, го премолчевте пренасочувањето на средствата за задоволување на апетитите на монструозниот институт за гилотинирање на неистомисленици и задоволување на страстите на оние кои се насладуваат на Кафкијанските процеси, кои ниту донесоа правда, а мир уште помалку, а на сите нам познат како Специјално јавно обвинителство. Три милиони евра отидоа на гилотинирање на правдата во Република Македонија, а истото продолжува и денес, иако вашата Мадона, алијас Катица Јанева, е под судски надзор со сериозно покренато обвинение за вршење на криминални дејства и учество во корупција и тежок криминал. Бидејќи сте и мој министер за здраство, кој го плаќам како буџетски обврзник, дозволете да ја слушнете вистината онаква каква што е навистина, без притоа да се самозалажувате дека сте месија, бидејќи со тоа уште повеќе не навредувате сите, а истото не говори во ваш прилог. Секое разумно и одговорно битие ќе ви каже дека од позицијата на која седите и особено во овие околности, ќе беше доблесно и чесно да покажете дека размислувате со сопствена глава и во интерес на граѓаните, но, залудно е да се очекува дека вие тоа било кога ќе го сторите и оттаму чујте го громогласниот гнев на сите македонски граѓани кои денес од своите тераси ви довикнуваат: Царот е гол!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Министре за здраство, д-р Венко Филипче, во време кога Македонија заедно со сите држави на Планетава се соочува со…
Gepostet von Иванка Ина Василевска Македонска am Sonntag, 5. April 2020