сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Блескавите резултати на „врвната економска стратегија“ и „купон логиката“ на Нина Ангелова, вртоглаво ја носат Македонија во бездна

Василевска: Блескавите резултати на „врвната економска стратегија“ и „купон логиката“ на Нина Ангелова, вртоглаво ја носат Македонија во бездна

Блескавите резултати на „врвната економска стратегија“ и „купон логиката“ на министерката за финансии, Нина Ангелова, вртоглаво ја носат Република Македонија во бездна, ова преку статус на Фејсбук го истакна Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доживеавме да посведочиме, чедата на глобализмот и најголемите протежеа на истиот, денес да ни говорат за деглобализација, додека нивните високи функционери, синоними на либерализмот и слободната пазарна економија, да станат истурена коњаница на транзициските кланови, во теоријата познато како кронизам. Оваа меѓусебна зависност на СДС и моќните транзициски тајкуни станува се поочигледна во време кога е најпотребен секој атом за зачувување на последното кое не го доупропастија т.е. надежта дека ќе го преживееме ова мрачно поглавје, без да умреме од глад, оставени на улица. Министерката заедно со целиот тим на СДС покажа дека не работи во интерес на македонските граѓани, туку исклучиво го создава и го одржува теренот за субвенционирање и „инсајдерска поддршка“ на строго определена група на луѓе кои го носат белегот на бесрамно алчната македонска транзиција. Ова е срамно и говори за тесните врски на оваа групација на луѓе со криминалот и тешките повреди на општествено-економскиот систем, кои се главната причина за бавниот развој на Република Македонија и за егзодусот на младите, стои во статусот на Василевска.

Блескавите резултати на „врвната економска стратегија“ и „купон логиката“ на министерката за финансии, Нина Ангелова,…

Gepostet von Иванка Василевскa am Montag, 13. April 2020

 

Најнови вести