недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта остави многумина на милост и немилост: Граѓани ги споделуваат своите маки, со хуманост до храна и пари за лекови

Власта остави многумина на милост и немилост: Граѓани ги споделуваат своите маки, со хуманост до храна и пари за лекови

Во овој тежок период, кога многу граѓани останаа на милост и немилост, очајно е потребна помош.

Дел од нив останаа без работа, други без плата. Меѓу нив, самохрани родители, болни, сиромашни…

Во недостиг на слух од власта, нашите сограѓани кои имаат мака, бараат помош на социјалните мрежи. Хуманоста е карактеристика која како народ дефинитивно ја имаме.

Се прават донации секој ден, граѓаните донираат пакети со храна, облека, средства за хигиена. И за разлика од претставници на владејачката партија кои се фотографираат со некое кило шеќер или брашно, нашите хумани сограѓани тоа го прават од лични човечки побуди.

Болни се зборовите на оние кои бараат помош. Маката ги натерала да ја споделат својата болка. Замислете, молат за храна и лекови, а не за нешто повеќе.

Вакви примери изминатиов период има секојдневно. Еден од најновите во низата е на млада мајка од Делчево. Нејзиниот идентитет е познат на нашата редакција.

Замислете каква е таа болка во еден родител да нема што да му даде на детето за јадење! Државата е ДОЛЖНА да им помогне на ваквите случаи, но нејзините претставници уживаат во луксуз и не ја знаат маката на обичниот народ.

Меѓу апелите кои деновиве кружат на социјалните мрежи има секакви тажни судбини.

Граѓаните нудат своја помош, кој како знае и може. Меѓу нив, како и секогаш присутен да помага, мораме да го спомнеме Отец Оливер, кој безусловно е секогаш тука во хуманитарните акции.

За помош се јавуваат и мали компании кои со своите производи им го олеснуваат секојдневието на овие луѓе.

За граѓаните и нивната хуманост-СЕКОЈА ЧЕСТ!

Но, за Владата-СРАМОТА Е!

Има граѓани кои гладуваат, мајки и татковци кои секој ден го минуваат во солзи, деца кои бараат, а немаат.

Дојде време во кое наместо да уживаат во својата старост, имаме граѓани кои бројат денар по денар за да си купат лекови и да си платат сметки!

Најнови вести