Иако се размислувало за евентуален времен прекин на затворските казните на ограничен дел од затворениците до 1 септември, министерската за правда, Рената Дескоска, за Алсат М вели дека „сега за сега нема да се носи таква одлука“.
Оваа потенцијална опција во контекст на корона-кризата и состојбата во затворите се разгледувала во соработка со здравствените власти, но засега нема информација дали и кога би се донела таква одлука.
Од Управата за извршување санкции велат дека се на располагање со свое мислење и експертиза, но досега не се информирани за ваков процес.