четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика: Ни пандемијата со Ковид-19 не може да им застане на патот на матните бизниси на СДСМ

Комисија за енергетика: Ни пандемијата со Ковид-19 не може да им застане на патот на матните бизниси на СДСМ

Во периодот кога целиот свет е зафатен со пандемија од коронавирусот и Македонија не е заобиколена од оваа опасна инфекција. За неа барем засега современтата медицина нема ефикасен лек. И додека вниманието на сите е насочено кон борбата против смртоносната пандемија, тивко се случуваат некои “интересни“ набавки, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од страна на Електрани на Македонија на електронскиот систем за јавни набавки во месец Декември 2019 година беше објавена јавна набавка број 15621/2000 со долг и комплициран текст:
“Изработка на ревидиран основен и инфраструктурен проект заедно со изведба на санација на цевоводот брана Суводол до Т3, приклучна шахта за ПЕ рудник до влезна шахта во ПЕ рудник и од Т3 до влез на ТЕ – Термоелектрана приклучна шахта ХПВ со замена на цевки и арматура, РЕК Битола“. Оваа набавка на почетокот од април 2020 година ја добил Конзорциум составен од компанија БВ Инженеринг и Градежен Институт -Скопје за сума од 69.500.000 денари без ДДВ, на аукција на која нема намалување на цената. Делот 2 за сума од 498.000 денари без ДДВ го добива Градежен факултет за ревизија на проектот. Во набавката 15621/2020 се бараат повеќе работи, но во една недефинирана и конфузна спецификација. Нема проект, нема техничка спецификација, а се дава цена за изведба на работите. Како и на која основа е формирана цената на понудата? Или пак ова е направено со единствена цел понуди да достават само одредени компании? И како да се евалуираат понудите кога сите би имале различни решенија? Неспоредливи понуди со огромна разлика на понудени материјали и цени, велат од Комисијата.

Целото нивно соопштение, прочитајте го во продолжение:

Најнови вести