вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Владина утринска магла

Ристески: Владина утринска магла

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук потсетува на неколку настани кои се случиле изминатиот период а се премолчени.

-ВЛАДИНА УТРИНСКА МАГЛА
Пуштам утринава радио и слушам две главни вести: приведено момче кое го шетало своето куче во полициски час и играорци во Гевгелија. Така радио-водителите нѐ возат едно половина час со овие две теми, многу вицкасти, многу забавни.
Многу големо значење за два обични настани (да не се разбереме погрешно, не дека ги одобрувам, но…) , иако има многу поважни работи кои се случија и се случуваат во овие моменти во државава, но сепак вешто затскриени од немите медиумски мeгафони…
Зарем ова не се викаше медиумски мрак?
Еве да потсетам само неколку од премолчените настани:
1.Викендов беше годишнина од терoристичкиот чин – свирепото убиство на Смилковско езеро врз четирите невини момчиња и еден повозрасен човек, од непознати причини, а денес со помош на оваа власт нивните убијци се шетаат на слобода!
2.Овие денови се донесе уште еден невиден преседан од познатиот „правосуден“ систем во Македонија. Истиот одлучи Кичеец – еден од главните рекетари на власта, жив фатен со признато дело како рекетира 1.500.000 евра со планетарно познатата Луј Витон ташна, да се брани од слобода со понудена кауција на имот, со исто така, сомнително потекло!
3.За време на викендот се случија многу поголеми прекршувања на законот и полицискиот час, со неколку дрски кражби низ државава, ама ете, за некои “медиуми” поважни сензации беа детето со кучето и играорците!
4. Не слушнавме викендов од Филипче колку има заболени здравствени работници и која е главната причина за тоа, каква е заштитата на истите, колку нови респиратори се набавени, колку луѓе се тестирани, колку време се чекаат резултатите од тестовите и како со тоа се справува? Дали овој човек е: портпарол, аналитичар, статистичар, шоумен или сериозен министер кој треба да решава важни проблеми во оваа ситуација?
5.И на крај, за почеток на неделава, се оствари најавуваното покачување на акцизата на нафтата.
Па….со среќа да ни е новата мерка народе!
Повторно власта со камшик по грбот на народот, треба да си направиме есап и ние, и бизнис секторот, колку ќе не’ чини оваа „фантастично-блескава“ мерка: неделно, месечно, годишно?
Додека сите држави, во овие тешки моменти на Корона вирус, предвидуваат мерки да го олеснат животот на своите граѓани и стопанството, нашата власт повторно, по којзнае кој пат го удира камшикот по народот…а ние почитувани, пак ќе се занимаваме со главните теми – детето со кучето и играорците…
Затоа, нека ни е НА ЗДРАВЈЕ БРИЧЕЊЕТО, ама на суво!!!, стои во неговиот статус на Фејсбук.

ВЛАДИНА УТРИНСКА МАГЛА Пуштам утринава радио и слушам две главни вести: приведено момче кое го шетало своето куче во…

Gepostet von Марјан Ристески am Mittwoch, 22. April 2020

 

Најнови вести