сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Кумановското обвинителство обвини десет лица за прекршување на полицискиот час

Кумановското обвинителство обвини десет лица за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност,  за девет лица, жители на Куманово и за едно лице, жител на Крива Паланка.

Тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка. ​​