четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште едно пропаднато ветување на СДСМ, нема ништо од грижата за секое дете и отворањето на новите градинки

Уште едно пропаднато ветување на СДСМ, нема ништо од грижата за секое дете и отворањето на новите градинки

Владата на СДСМ минатата година вети дека ќе отвори 13 градинки, но според неофицијални информации, 2017 година од ветените ја завршија само со шест градинки.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска кон крајот на јули и сама ги најави овие бројки кога беше во објектот во Врапчиште чија изградба беше во крајна фаза. Тогаш  таа рече дека се планирани шест градински во рурални, а седум во урбани средини.

-Во овие 13 градинки ќе имаме зголемен опфат за 682 деца до крајот на 2017 година. Оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година. Целта наша е да обезбедиме рамномерен регионален развој и токму затоа ќе внимаваме и на урбани и рурални средини, нагласи Царовска.

Практично најавените 13 се од програмата на претходната Влада. Или пред да се смени власта во 2017 година беа предвидени и во најголем дел започнати активноси во околу 15 објекти.

Ова говори за неисполнување на ветувањето грижа за секое дете.

За разлика од оваа влада, претходната предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2008 година до 2017 година отвори: 13 јавни општински установи – детски градинки, 25 објекти, 22 групи во други нови простории, 27 центри за ран детски развој. Или вкупно станува збор за бројка од 87 објекти или простории за згрижување и воспитување на деца, или во просек по 11 годишно.

Отворањето на само шест градинки дополнително говори и дека ВМРО-ДПМНЕ оправдано реагираше кога со ребалансот се скратија пари од буџетот кои беа предвидени за нови градинки.

Најнови вести