Бурак Озчивит и Фахрије Евџен познати на македонската јавност како Бали Бег и Неџла од турските серии го прославија првиот роденден на нивниот син Каран.
На сцоијалните мрежи гордата мајка објавила фотографија со наследникот, па напишала и емотивна порака:
-Мој Каран. Твојата насмевка е најубавиот звук кој некогаш сум го слушнала во светот, твојот мирис е најубавиот мирис кој сум го почувствувала…Најсилно светло кое некогаш сум го видела…Лицето ти е посветло од ѕвездите на небото и синцето…Кога ми се смееш во мене цвета цвеќе. Кога се повредуваш, се заглавуваш во моето срце. Се покажа дека си мое срце. Мое срце…Секогаш биди добат, Каран. И знај дека сум на твојата страна на тој друг пат. Никогаш ништо претходно немало смисла. Среќен роденден, сине, порачала актерката.