Добро е да Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, и знаеме дека за ова треба решение за името, рече Александар Николоски во интервју за телевизија АлсатМ. Според него не е во ред што ВМРО-ДПМНЕ не е вклучена во целиот тој процес.
На прашањето што доколку има име кое ќе налага промена, а истото е прифатливо, како би постапиле од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели: „Прво, треба да го видиме пакетот зошто не е се за името во разговорите, второ, ние имаме позитивна воља, и далеку сме поразлични од опозицијата во Грција.“
Во контекст на протерувањето на руски дипломат од Македонија поради случајот со труење на двојниот руски шпион Сергеј Скрипил во Солсбери, Велика Британија, Николоски рече дека партијата не била консултирана од никого.
-Владата одлучи да не ја консултира опозцијата, а тоа е државна политика што значи грешка е што не исклучуваат од консултации за вакво прашање. Но, партнер на Македонија не е Москва, туку Брисел, Лондон и Вашингтон, истакна Николоски.
Во контекст на вклучувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи и дека партијата е подготвена да ги поддржи сите закони од реформската агенда, но дека сакаат да дадат придонес со цел да се подобрат истите зошто се од корист на сите граѓани на Македонија. Николоски додаде, „ние не сме виновни што не го исполнуваат планот 3-6-9 кои сами си го поставија, а сега сами велат дека од него се реализирани 42 проценти“.