Некогашниот пејач Ламбе Алабаковски кој живее и работи во Америка, активен е на социјалните мрежи каде неговите фанови може да следат што се случува во неговиот приватен живот.
Сега тој откри дека добил и втор син со сопругата Магдалена. Тие веќе го имаат синот Михаил, а сега го добија и второто дете кое го крстијаДимитриј.
Ламбе убавата вест ја сподели на социјалните мрежи.