понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Неопходност од воспитна стратегија

Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Неопходност од воспитна стратегија

 

 

И септември доаѓа и затоа не ни требаат,,брзи чекори”, туку план и стратегија за воспитно-образовен систем кој знае како да ги надмине и овие предизвици. Сега не е моментот да пробаме што ќе направиме, туку е време за вистински воспитно-образовни решенија за надминување на оваа реалност.

Затворените училишта наметнуваат исклучително значајна потреба за подготовка на план за обновување на образованието и воспитна стратегија која треба да биде основа на ,,идните” училишта за децата, затоа што тие се нашите идни судии, како што вели големиот Горки.

Некои земји веќе започнуваат со повторно отворање на воспитно-образовните институции и со целосна реорганизација на условите за учење во нив и надвор од нив. Додека пак, други се уште се прилагодуваат на дигиталните услови и на учењето на далечина.

Нашиот воспитно-образовен систем мора да покаже  подготвеност за периодот којшто доаѓа. Изработка на стратешки план со добра организација се клучни, за да може да се направи прилагодување на новите услови кои треба да придонесат за здрава и безбедна средина за учење. Летниот период како никогаш досега треба да биде работно посветен за обезбедување и прилагодување на услови кои ќе значат место каде нашите деца ќе можат повторно да бидат заедно со нивните пријатели.

Во воспитно-образовната стратегија треба да бидат вклучени протоколи и процедури за здрава средина за учење, интегрирано поврзани со воспитни активности, како и образовни активности со елементи за воспитен развој на учениците.

Почитувањето на стандарди во сите воспитно-образовни институции е есенцијално од секој аспект и воспитен, образовен, здравствен, социјален, финансиски. Ова подразбира и обезбедување на дополнителни финансиски средства но, само со една и единствена цел здрава и безбедна средина за нашите идни генерации.

Затоа во училиштата неопходно е да се почитуваат стандарди посебно за бројот на ученици и да се практикува почесто согласно условите, настава на отворено. Хигиената секогаш да биде на највисоко ниво и да се направат услови за безбедни училишни дворови за сето ова да резултира со безбедни училишта.

Како ќе ги отвориме училиштата!?

Франција, Данска, Норвешка, Јапонија  – сите подготвуваат план за враќање на учениците во училиштата и нивно повторно отворање. Ретки неколку – особено Шведска – никогаш и не ги затворија своите училишта.

Дали ние имаме план?

Прво, севкупната наша цел и надеж треба да биде првенствено здравјето на децата, а потоа  план за отворање на училиштата. И второ, месеците од мај до август треба да бидат за подготовка на тој план како да го направиме тоа. Ова треба да биде универзален пристап кој целосно ги зема предвид и медицинските ризици и идната благосостојба и едукација на нашите деца.

Сепак доколку ова е остварливо, училиштата мора да бидат соодветно опремени и здравјето и безбедноста мора да бидат во центарот. Вработените кои се во првите редови треба да бидат обезбедени и целосно да бидат заштитени.

Училиштата не се втори во никој случај во справувањето со неизвесноста и на дневна основа, сите гледаме оригинални акти на хероизам од професијата од страна на воспитно-образовниот кадар кој се справува со предизвикот со кој се соочува.

И ова треба да продолжи. Но, треба да имаме сеопфатен  план и стратегија. Она што сега ни треба се  одлуки не за тоа кога, туку како.

Воспитно-образовниот систем и идните училишта  мора да се во чекор со сите предизвици, затоа што тие се темелот на општеството.

 

Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки

Најнови вести