Партискиот твитерџија на СДСМ, Влатко Васиљ ликува на повторниот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Но, Васиљ не е осамен во ваквите размислувања. На него му се придружува и поранешниот новинар Боби Илиевски.
Партиско- независниот твиреџија Васиљ откако беше најпрво во Влада па на свое барање го раскина мандатот и премина во град Скопје нема апсолутно никаков твит против сегашната власт на СДСМ. Но, тоа е разбирливно ако се знае дека Васиљ освен што е вработен во кабинетот на градоначалникот Шилегов, тој исто така е пикнат во Управен одбор во едно од многуте претпријатија на Градот. Дојде животот за Васиљ.
Поранешниот новинар Боби Илиевски исто како Васиљ освен што се “замара“ со членовите на ВМРО-ДПМНЕ ништо нема напишано против оваа власт на СДСМ. Тој во јавноста стана познат откако јавно го навредуваше поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.