четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Ѓорче и неколку скопски села утре без струја

Делови од Ѓорче и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од селото Љубош, како и корисниците лоцирани на пат за село Количани и на стариот пат од Драчево кон село Батинци, сите стопански и нестопански објекти на патот за Батинци, објектите на фирмите Зинес, Беровиќ Бетон и Златна Рака утре од 8:30 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Кичевска“ и „Манчу Матак“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.