Македонската јавност денеска остана во неверување по веста дека на 65 годишна возраст од коронавирус почина македонскиот музичар, автор и телевизиски водител Драган Вучиќ.
Тој почина на Инфективната клиника во Скопје каде бил примен пред неколку денови поради компликации со вирусот.
Според медиумите и неговата сопруга е позитивна на вирусот.
Тој ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.
Вучиќ инаку почина на датумот кој е врежан во меморијата на територијата на поранешната Југославија кога во 1980 почина Јосип Броз Тито.
На 4 мај во 2001 година почина и македонската легендарна пејача на народна музика Васка Илиева.
Таа е доајен на македонската народна песна и еден од најпознатите македонски изведувачи на народна музика.
Почина на 77 годишна возраст оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.
На денеш ден починаа и револуционерите Гоце Делчев во 1903-та година и Пере Тошев во 1912 година.