недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека на ден 07.05.2020 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Гемиџиска бр.139, 141 и 143. ( општина Гази Баба )

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Васил Стефановски лоцирани во близина на Црногорската Амбасада, како и корисниците од околните улици во близина на Црногорската Амбасада. ( општина Центар )

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Кучково лоцирани кај манастирот. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Долно Количани лоцирани на потегот кон амбулантата. ( општина Студеничани )

– во периодот од 10.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од селата Катланово, Тотинци и Ржаничино, тунелот Катланово, како и корисниците од селата Кожле и Бадар. ( општина Петровец )