сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лепавцов: Преговорите со ЕУ, поради Бугарија, ќе одат по теркот тргни-застани

Лепавцов: Преговорите со ЕУ, поради Бугарија, ќе одат по теркот тргни-застани

Оваа Декларација од состанокот во Загреб ја постигна целта и Хрватска поентираше со тоа што стави акцент и на проширувањето а ЕУ, а тука и патот на Македонија кон полноправна членка на ЕУ. Но, сега по оваа криза со корона вирусот Брисел се врти кон еден вид на нов Маршалов план кој го најавува како помош за Западен Балкан. Затоа сега ние треба да бараме појасна структура на грантовата и кредитна шема која треба да биде предложена, како и во однос на најавата за овој нов Маршалов план. Тука мора да се слушне гласов на Македонија, рече Андреј Лепавцов, поранешен македонски амбасадор во мисијата на ЕУ во Брисел коментирајќи го Самитот ЕУ – Западен Балкан шти се одржа во Загреб.

Лепавцов за ова како и за бугарските условувања за патот на Македонија кон ЕУ говореше на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Во контекст на изјавата на Бојко Борисов по Самитот во Загреб во која тој вели дека Македонија мора да го почитува Договорот со Бугарија и дека го заболело кога има изјави во Македонија дека Бугарија била фашистичка држава, Лепавцов вели дека не треба да се стави акцент толку на изјавите, туку да се задржи вниманието на последниот документ на ЕУ во кој се додадени условувањата од Бугарија кон Македонија.

-Проблемот е што Бугарија се поставува така да ние мора да прифатиме се што Бугарија бара во однос на историјата. Потоа Бугарија дава и препреки за почнување и одобрување на преговарачката рамка, а тука е имплементација на клаузулата дека не станува збор за македонски јазик, туку за официјален јазик на Република Северна Македонија. Доаѓаме и до клучниот услов да заврши работата на Мешовитата комисија која дебатира за историјата, посочи Лепавцов.

Според него во однос на тоа ккао се поставува Бугарија се гледа дека ќе имаме проблеми поради големите разлики.

-Во оваа фаза на Бугарија не и е во прилог да ја блокират Македонија, но процесот на преговарање ќе биде еден процес на на тргни-застани, смета Лепавцов.

Точно е, посочи тој, дека ова што се случува сега многу штетно ќе влијае, но не верувам дека штетата ќе оди до таму народите да не комуницираат, да прекине трговијата.

-На ова треба да се даде соодветен одговор кој треба да се постигне со консензус. На пример тоа може да биде под медијаторството на претседателот Пендаровски. Треба да се вклучат и институции кои на ова ќе дадат соодветен одговор кој ќе послужи во понатамошниот тек во дискусијата со Европската комисија за да не бидеме блокирани зошто премногу сме блокирани. Значи велам, фикуративно, ако некој ве тепа треба да вреснете или еве треба да поминете со помалку модрици, рече Лепавцов.

Најнови вести