среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По Борисов и Мицотакис уценува, Заев и Димитров лажеа дека условите на Бугарија се „унилатерален став“

По Борисов и Мицотакис уценува, Заев и Димитров лажеа дека условите на Бугарија се „унилатерален став“

Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Македонија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан и како што информираат од неговиот кабинет, ја повикал нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Со ова, Мицотакис му с е придружи на својот бугарски колега Борисов, кој јавно најави вето и побара целосно да се почитува Договорот со Бугариај. Дописот на официјална Софија кој беше дел од условениот датум без датум во документот на ЕУ,  за кој Заев и Димитров лажеа дека бил унилатерален, испадна дека и не е баш така унилатерален. Факт е дека датум нема, а прифатеноста на условите на Бугарија од ЕУ ги потенцира самиот Борисов.

-ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон нашите колеги, вклучително и за тоа што во предизборната кампања им се испушта и патриотизмот, но таму даваат недозволени изјави – рече Борисов.

Бугарскиот премиер им дал „најбратски“ совет на Македонците да го користат тоа што еднаш им се дава како можност.

– Ние нашата работа ја завршивме, подготвени сме да помогненеме, но и кажавме кои се нашите услови. Тоа (влегувањето во ЕУ) не е според желбите, ако нешто не ти се допаѓа, да не го правиш – рече Борисов.

Изјавата на Мицотакис и Борисов наведува дека Бугарија и Грција ќе ја користат ЕУ интеграцијата на Македонија за да во своја корист ги решат своите вековни историски прашања, а Владата на СДСМ им оди целосно во прилог за ова.

Токму Владата на Заев и министерот Никола Димитров им кумува на Договорите со Грција и Бугарија, претставувајќи гикако наводно откочување на процесот кон ЕУ. Очигледно, некој ја лажел македонската јавност за евтини политички поени и гласови или се лажел себеси. Познавачите сметаат дека поверојатно е првото…

Најнови вести