Во повеќе наврати пишував (во порталот КУРИР и други портали) за образованието, поконкретно за состојбите во образованието во нашава држава, односно во однос на епидемиска состојба и општествени проблеми во образованието на сите степени. Поконкретно со примената на On line наставата односно далечинското учење (дома) со сите интернет алатки да се приближи наставата и наставните содржини до учениците.
Наведов дека Законот за основно образование, Законот за средно образование и во новиот Закон за високо образование нема предвидено онлајн – настава, односно далечинско учење, кои беа барања на многу експерти кои го познаваат образованието при донесувањата на законите. Но, да потсетам дека суетноста на тогашната министерка за образование и наука Дескоска и нејзиниот таканаречен експертски тим не го прифатија. Што во многу европски образовни држави е пракса. Практиката покажува и алармира дека македонското образование во овој момент треба да направи еднакви услови за сите деца, да смислат модели за обуки на наставниците што не се обучени и не се дигитално описменети за да може целиот процес со онлајн-наставата која е единствена опција, да функционира како што треба. Констатирав дека Министерството за образование и наука нема образовна стратегија и знаење.
Очекував од одговорните во МОН да излезат и ги негираат моите констатации. Не само што не негираат, туку самиот министер за образование и наука истакна на неговата владина пресс конференција и по порталите признава дека МОН нема образовна стратегија. Самиот овој факт доволно говори и дава до знаење дека оваа Влада на Заев и Спасовски немаат никакви стратегии кои се важни за образованието, немаат и за други дејности од други области за потребите и перспективите на децата, учениците, студентите и граѓаните на Македонија.
Исто така, за жал, се потврдува мојата констатација дека техничката Влада, одговорните од МОН, признаваат дека не функционира Национално кординативно тело и немаат акциона програма во кој треба да се имаат во предвид предизвиците на времето, условите, можностите, задачите, правата, обврските, потребите и насоките за динамизирање и реализирање во однос СЕ ЗА НАШИТЕ ДЕЦА. Согласно Конвенцијата за правото на детето-кој како држава сме обврзани.
Останува, новата македонска влада овие суштински пропусти да ги исправи и да бидеме во чекор со европските образовни стремежи и определби.
Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор