недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Ако има услови, јуни најсоодветен за избори

Заев: Ако има услови, јуни најсоодветен за избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување во емисијата, „Патот кон“ на Алсат, оцени дека најсоодветен термин за одржување на изборите, во договор со останатите политички чинители, би било средината на јуни. Како што кажа тој, после тој период следуваат годишни одмори, а есента е ризична поради можност за повторно интензивирање на епидемијата и истек на мандатот на актуелниот собраниски и владин состав.

-Не е исто гледањето денеска и гледањето во јуни. Ако е тоа месецот кога ќе олабави кризата треба да одиме, од причина што ако тоа не се случи сега, есента нема кога и да се одложуваат самите избори оти завршуваат апсолутните мандати, рече Заев.

Најнови вести