четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Георгиев: Владата не е транспарентна во однос на јавните набавки

Георгиев: Владата не е транспарентна во однос на јавните набавки

Владимир Георгиев, член на Антикорупциска комисија при гостување во емисија на телевизија Телма посочи дека владата не е транспарентна во однос на јавните набавки.

„Да тоа е точно дека нема транспарентност. Иако тоа беше една од препораките на Греко кои што беа издадени исто така во април месец, дека земјите мораат да воведат транспарентни и дигитализирани платформи со кои што на јавноста пред се но и на надлежните институции ќе им биде овозможено на дневна основа да ги следат овие набавки“, појасни Георгиев.

Георгиев додаде дека во комункација со Бирото за јавни набавки ги има запрашано на кој начин што всушност може да се најде на нивната веб страна, но единствено тие располагаат со податоци што се во нормална постапка.

„Прво што треба да се направи е да се воспоставата механизми за транспаретност на процеси, бидејќи согласно сите меѓународни договори е дека транспарентноста е главното орудие против корупцијата“, истакна Георгиев.

Најнови вести