четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Коби Брајант не загина по вина на пилотот, тврдат адвокатите

Коби Брајант не загина по вина на пилотот, тврдат адвокатите

Адвокатите на загинатиот пилот Ара Зобајан тврдат дека тој не е виновен за несреќата на хеликоптерот во која загинаа девет лица, меѓу кои и Коби Брајант, јави Си-Ен-Ен.

– Во судскиот документ се наведува дека сите повреди и штети настанати при падот на хеликоптерот биле предизвикани од невнимание и вина на патниците кои биле свесни за ризикот, изјави братот на обвинетиот пилот Берг.

„Невниманието на патниците е фактор што најмногу придонесе за штетата и повредите на лицата во хеликоптерот по неговиот пад, за што обвинетиот не е одговорен“, се наведува во документот.

Документот е одговор на тужбата од сопругата на Брајант, Ванеса, што нејзината адвокатка ја поднесе на 24 февруари, еден ден откако се одржа меморијална служба за познатиот кошаркар и  неговата ќерка Џиана.

Ванеса за смртта на нејзиниот сопруг и ќерка, како и за останатите патници, ја обвини компнијата во чија сопственост е хеликоптерот и пилотот кој управувал со него.

Адвокатите на обвинетиот пилот истакнаа дека тој не влијаел ниту имал право да влијае на однесувањето на патниците и побараа обвинувањата да бидат отфрлени.

Во тужбите на претставниците на другите патници кои загинаа во несреќата, обвинета е компанијата, но не и пилотот.

Следниот датум за судење сè уште не е одреден. 

Најнови вести