Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар, ова денеска преку статус на Фејсбук како реакција го објавува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
-За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетентост. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така. Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.
Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера, стои во неговата реакција на Фејсбук.
❗ Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум…
Gepostet von Наќе Чулев am Dienstag, 12. Mai 2020