Липата има изразено благотворно дејство врз нашето здравје. Цветот од липата содржи минерали железо, калциум, маган како и флавоноиди, а во мали количини содржи и етерично масло.
Дрвото од липата се користи како најголем апосрбирач на најразлични труења кај желудникот и цревата.
Чајот од липа го зголемува потењето, затоа се препорачува да се пие кога имате температура, потењето ќе ја намали температурата.
Чајот од липа исто така го намалува кашлањето и ја намалува напнатоста.
Липата е големо дрво чие стебло достигнува околу 25 до 30 метри височина, и старост од неколку стотини години.
Крошната на липата е густо затворена, а листовите и се потемно зелени, накосо срцевидни, зашилени и пиласти, а од „лицето“ се влакнести. Цветовите се наоѓаат на долго стапче кое од прилика до половина е сраснато со листот на кој се наоѓаат цветчињата. Тие се долги, со бледозелена боја, и мрежесто испреплетени со жилички.
Плодовите на липата се како мали оревчиња. Цветот има многу пријатен мирис. Расте по целата Европа. Сака питома, плодна и длабока земја. Липата треба да се бере штом почне да цвета, кога двете третини од цветовите во целост расцветале. Прецветаната липа нема никаква вредност.
Цветот треба да се бере заедно со ливчето кое ги држи сите цветови заедно. Се бере на суво и убаво време. Цветот од липа има благ и пријатен мирис, а вкусот и’ е слузав, сладникав и по малку силен. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин најмногу има во стапчето, и тој го дава најголемиот дел од аромата и нутритивната вредност на чајот.
Липовиот лист исто така содржи танин, слуз и останати вредни материи, па при потреба може да се користи за истите намени како и цветот. И липовата кора има многу слуз. Во цветот и во листот има многу витамин Ц.
Потполно младиот, штотуку отворен лист може да користи и како зеленчук за салата. Од липовото дрво се произведува активен јаглен со големи абсорпциона моќ. Во липовото семе има масло слично на маслиновото.
Липите можете да ги пронајдете на различни локации: поединечно растат по планините, а луѓето често ја садат крај патиштата и на плоштадите.
Лековити делови на билката: липовите цветови се користат за лечење на настинка и болести на дишните органи. Го подобрува мокрењето и потењето. Цветот од липа се употребува најчесто во облик на чај, инфузија, како облога за потење, против грчеви и за намалување на болките како многу благо средство.
Липата не се препорачува кај луѓето кои се премногу чувствителни на поленов прав поради силниот мирис, и затоа луѓето кои се алергични на полен би требало да ја одбегнуваат.