понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Став на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ултиматумот на СДСМ за одржување на избори во јуни или декември

Став на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ултиматумот на СДСМ за одржување на избори во јуни или декември

На прашањето „Во однос на вчерашниот брифинг кој што излезе од СДСМ практично каде што вршат уцена да избори има или сега веднаш или во декември, кој е ставот на ВМРO-ДПМНЕ?“, портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по тоа прашање е доволно јасен.

-СДСМ си играат, тргуваат и лицитираат со човечките животи. Подготвени се да газат и по човечки трупови, како и да обесхрабрат многумина да гласаат против нив и со тоа да се обидат да ја намалат разликата која што моментов е огромна.Сега веќе не им е важно за здравјето на граѓаните и вториот бран кој го говореа претходно и тоа е уште едно лицемерие и еве ги лицемерието и лагите, односно вистинското лице на СДСМ на дело. Ова е СДСМ. Лицемерно и воопшто да не се грижи за здравјето на граѓаните. СДСМ се однесува несериозно и неодговорно. До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со Корона, сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември. Со ова СДСМ и Зоран Заев уште еднаш докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат целата држава само и само за да го ублажат поразот. Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Зоран Заев и СДСМ воопшто не им е важно здравјето на граѓаните, туку единствени политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз.Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба, ниту пак е фактор во моментов да уценува некого или да диктира услови. Зоран Заев е давеник фатен за сламка и уште еднаш нека му биде јасно Зоран Заев е завршена приказна, вели тој во својот одговор.

Најнови вести