Мелиса МекКарти, која публиката ја запозна како симпатична буцка, главно од комедии, на последните фотографии изгледа скоро непрепознатливо.
Додека актерката тврди дека нејзината тежина засекогаш ќе паѓа и расте, се чини дека последната година значително ослабнала.
Иако американските таблоиди пишувале дека глумицата ослабнала за улогата во новиот филм, биографската драма „Can You Ever Forgive Me“ тоа е само делумно точно.
Имено, „Life And Style Mag“ известува дека ослабнала 35. килограми, постепено за повеќе од една година, но не за новата улога.
-Ќе имам повеќе, ќе имам помалку, веројатно до крајот на животот. Работата е во тоа, ако е тоа најинтересно за мене, подобро да се откажам од ова и да одам да работам на фарма за лаванда некаде во Минесота, открила што мисли за тоа прашање.
Освен тоа додала и дека „совршената фигура“ е само мит.
„Знам некои од тие жени од списанијата, кои ги нрекуват совршени или чии задници се наводно најдобри, а често така не ми изгледаат во стварноста“.