четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Став на инспектор Ѓорѓи Илиевски: КАКОФОНИЈА

Став на инспектор Ѓорѓи Илиевски: КАКОФОНИЈА

 

 Деновиве се изнаслушавме разни барања, ултиматуми за брзи избори од страна Заев, протоколи за одржување на избори од страна на Комисијата за заразни болести под притисок на владата, дициплински постапки за дипломат кои ги промовираат македонските вредности од страна на министерот Никола Димитров …

Но ајде да појдам по ред. Прво, добро е што Уставниот суд на Македонија донесе одлука да нема посебен политички час за нас возрасните (од 67 година) и за малолетниците (до 18 години). За оние кои незнаат, ова до сега беше чиста дискриминација ( Читајте: конвенции за човекови права). За Спасовски донесената уредба на Владата, за функционерите кои ќе патуваат во странство, при враќање ќе нема државен карантин, за обичните граѓани тоа не важи. Ова небило дискриминација. (Ова добро нека го прочитаат професорите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Скопје, како  и неговиот ментор, каде што треба да магистрира Оливер Спасовски. Што е дискриминација?!)

Заев бара брзи избори во оваа вонредна здравствена состојба каде секојдневно имаме голем број заболени и активни заболени. Доставува ултиматуми, заканувања, предлага протоколи како да се гласа на изборите…на овие препораки се јавува потпаролот Филипче (Заев) и го истакнува протоколот за одржување на избори и вели…„ при гласањето маските на кратко да ги извадите за гласање заради идентификација“. Го прашувам потпаролот Филипче. Дали е тоа препорака на комисијата за заразни болести?! Да се вадат маските или е тоа желба на Заев господине потпарол. Дали незаборави  дека Комисијата за заразни болести ти кажала дека за време на изборите при гласање треба да се мери температура на секој гласач. Истото треба да биде кога ќе одите од врата на врата кај граѓаните. (Ќе ми кажите како ќе поминете. Кај мене го очекувам да дојде Заев, Димитров, Малески). Дали да се патува со автобус и дали треба да има растојание од 2 метри. Потпаролот треба да одговоори и Комисијата експертска за заразни болести. Згора на сето ова ќе се бара продолжување на вонредната состојба кај претседателот Пендаровски. Каква  Какофонија! Лудории.

А сега, Ајде нешто за екс вмровците министри, амбасадори… Никола Тодоров „експерт за образование и здравство“, бара брзи избори. Да, Никола  тоа е желбата на твојот советник Филипче и твојот миленик Заев!.  А овој вториот Никола министер за надворешни работи спроведува дисциплинирање на дипломат во Министерството за надворешни работи, само затоа што приватно  вон работно време и во неработен ден, учествувала на настан на кој се зборувало за заштита на македонскиот идентитет, јазик, нација. Од страна на овој таканаречен, а суетен министер се прогонува дипломатот, затоа што ги промовира македонските вредности. Ова е скандалозно. Не би сакал да употребувам непристојни зборови, затоа што не ми е својствено, тоа е својствено само на Шилегов да употребува „богати зборови“ од типот „шарлатан“, „лудак“, „ненормален“, „хохштаплер“… Ова се кадрите на Заев, како Тодоров, Димитров, Малески, Тричкоски и други.

Граѓаните се свесни и знаат како да постапат и да проценат. Веќе се свестија и сватија некои невладини организации дека не се привезок на Заев.

 

 

Ѓорѓи Илиевски

Виш просветен инспектор

 

 

 

Најнови вести