„Треба да си многу бос, многу неспремен, да не можеш да дадеш аргументиран или барем остроумен одговор на просто и едноставно, а сепак есенцијално новинарско прашање,“ пишува на ФБ поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски.
„Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања”, коментира Мицковски на ФБ.
Фејсбук статус на Ивор Мицковски