Машкото и женското пријателство многу се разликуваат.
Ова се 17 правила кои треба да се почитуваат меѓу двајца машки пријатели:
1. Никогаш не почнувај да се гледаш со неговата бивша. Дури и ако таа нешто такво предлага. Никогаш.
2. Не го оптоварувај со твоите проблеми. Може да зборуваш и да прашаш за совет, но константното жалење е напорно.
3. Твојот дом е и дом на твојот пријател. Во секое време.
4. Пријателството значи дека можеш да побараш што било од пријателот. Исто така значи дека треба да знаеш што не треба да бараш од него.
5. Не се мурти. Ако не се чувствуваш добро поради нешто, кажи го тоа. Не се однесувај како мало девојче.
6. Ако тој кажува виц, не му влегувај во збор за да го завршиш место него, дури и ако тој го слушнал од тебе пред саат време.
7. Не ѝ се пуштај на девојка на која веќе ѝ се пушта другар ти.
8. Не се ставај во средина помеѓу него и неговата девојка, но биди спремен во секое време да го прибереш дома ако ти се појави со куфер на врата.
9. Имај добар однос со неговата девојка. Ако не ѝ се допаѓаш, многу веројатно е дека нема да победиш во битката.
10. Јавувај му се понекогаш да го прашаш што има, без да имаш потреба да бараш нешто од него.
11. Кога ќе позајмиш нешто од него, гледај да го вратиш во истата состојба како кога си го добил.
12. Биди партнер во пријателството, а не сезнајко кој сѐ знае подобро и нонстоп го потенцира тоа.
13. Жените доаѓаат и си одат, работата се менува, паричникот е понекогаш полн, понекогаш празен, луѓето со годините губат коса и заби, империи се рушат… но вистинскиот пријател е пријател засекогаш.
14. Ако има некакви проблеми, не го прашувај дали му треба помош, едноставно помогни му.
15. Не кажувај детали, тоа е работа на неговата девојка/жена.
16. Не спомнувај ги неговите грешки премногу долго. Долгото сеќавање е штетно за пријателството.
17. Негово право е да ги прави сите глупави работи кои сака да ги прави, ти не мора да учествуваш во нив, но должност ти е да кажеш нешто ако тотално си изгуби памет.